Поранешниот љубовник ја демне сопругата на Колин Фирт

424
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Сопругата на британскиот актер Колин Фирт, Ливија Џуџиоли, вели дека нејзиниот поранешен љубовник Марко Браначија и се заканува и ја следи.

– Пред неколку години, Колин и Ливија решија да се разделат. Во тој период Ливија имала куса врска со нејзиниот стар пријател Бранкачија. Фиртови оттогаш повторно се заедно – изјави претставник на семејството.

Џуџиоли го пријавила Бранкачија (55) пред полициските органи, затоа што, како што таа тврди, нејзиниот некогашен пријател почнал да ја вознемирува, пишува италијанска „Ла Република“. Италијанката се пожалила дека Бранкачија и се заканува преку телефонски повици и и остава застрашувачки пораки.

Бранкачија, пак, за италијанските медиуми изјави дека тоа се измислици.

– Обвинувањата се лажни. Ние имавме романса, а таа сакаше да го напушти Колин заради мене. Ми рече дека нејиниот брак со години е мртов – изјави Бранкачија.

Фирт (57) и Џуџиоли (48) се во брак веќе 20 години и имаат два сина.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...