Каталонскиот Парламент одби да му го одземе правото на глас на Пуџдемон

83

Регионалниот Парламент на Каталонија денеска гласаше против одлуката на шпанскиот Врховен суд за привремено отстранување на поранешниот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон и петмина негови поддржувачи од функцијата пратеник.

Парламентот, исто така, им дозволи на пратениците кои побегнаа од Шпанија за да избегнат апсење да делегираат други пратеници да гласаат место нив, со што партиите кои се за независност на Каталонија ќе останат во мнозинство во регионалниот Парламент.

Одлуката доаѓа еден ден откако полицијата со употреба на сила растера демонстранти во Барселона, кои ја одбележуваа годишнината од референдумот за независност на Каталонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...