Српската пејачка Јелена Карлеуша во текот на својата кариера соработувала со Марина Туцаковиќ, а сега пејачката првпат се огласила по повод здравствената состојба на Марина, пишува српски „Ало!“.
Марина Туцаковиќ неодамна изјавила дека иако ѝ се подобри резултатите по операцијата на туморот, нејзината здравствена состојба уште долго не може да биде целосно добра, бидејќи станува збор за лоша болест, но открила дека нема да се предаде.
Јелена Карлеуша се огласила на социјалните мрежи и со сите споделила како се чувствува Марина.
„Имам и добри вести за сите, Марина Туцаковиќ оздравува и веќе започна да работи на мојата нова песна“, напиша пејачката.
Фото: Твитер, Инстаграм