Ким Кардашијан најопасна за пребарување на интернет

208

Ким Кардашијан е најопасна славна личност за пребарување на интернет за 2018 година, заради тоа што нејзиното име е поврзано со најмногу потенцијално заразени сајтови со вируси. Тврдењето доаѓа од компанијата за сајбер безбедност, „Мекафи“.

Мината година на врвот на листата на славни имиња кои привлекуваат најмногу вируси на интернет се најде пејачот Крег Дејвид.

Годинава пак, на второто место е супермоделот Наоми Кембел, додека сестрата на Ким Кардашијан, Кортни Кардашјан е на трето место. Во топ пет најопасни имиња за пребарување на интернет влегоа и Адел и водителката на реалното шоу „Љубовен остров“, Керолајн Флик.

Од „Мекафи“ посочуваат дека сајбер криминалците главно користат славни личности со цел да ги наведат корисниците на интернет кон линкови до заразени сајтови, за да се инсталираат вируси или за крадење лични податоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...