Поранешната манекенка, но и глумица, Енди Мекдауел во седмата деценија од животот се врати на модните писти, и просто никој не би поверувал дека таа е на самиот праг од своите 60-ти.
Мекдауел викендов продефилира на брегот на Сена, по повод ревија на козметичкиот бренд чие заштитно лице е веќе три десетлетија.
Притоа таа носеше шарен светкав фустан искомбиниран со златно-резедо-син ѓердан, сандали со платформа и секако, бујната брановидна коса.
ФОТО: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON