Пораките на шофершајбна обично ги засмеваат сите, освен сопственикот

374

Секој возач се стресува кога ќе види ливче на шофершајбната од својот автомобил, но потоа, особено денес во добата на друштвените мрежи, неретко тоа станува хит на интернет.

Така, еден Хрват добил порака на своето заштитно стакло, со содржина: „Извини, брат, ти ја удрив корсата. Би ти ги оставил податоците, но… ГДПР”. Го сликал писмото, па тоа се прошири на популарните фејсбук групи.

Инаку, ГДПР ја означува новата општа уредба за заштита на податоците, за кој деновиве во Хрватска нашироко се дискутира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...