Јапонските власти ги оценија како „тажни“ американските такси на увоз на челик и алуминиум, воведени за сите земји освен Канада и Мексико и оценуваат дека таа мерка сериозно ќе ја погоди светската економија.
– Ние ќе преземеме соодветни мерки откако детално ќе ги разгледаме последиците по јапонската економија- изјави шефот на јапонската дипломатија Таро Кано и додаде дека американските такси ќе имаат влијание на билатералните економски врски, но и на економијата во целиот свет.
Таксите кои САД ги воведе од 25 отсто на увозот на челик и десет отсто за алуминиум ќе стапат во сила 15 дена од денот на потпишување на документот. Ваквиот американски потег предизвика жестока реакција и во Кина, каде мерката ја оценија како „напад“ на мултирателариниот трговски систем.
„Злоупотребата на клаузулата за национална безбеднст на САД претставува намерен напад на мултилатералниот трговски систем воспоставен од Светската трговска организација (СТО) и сигурно ќе предизвика сериозни последици по народниот трговски поредок“, соопшти кинеското Министерство за трговија.
Кина е прв светски производувач на челик и алуминиум, но нејзиното производство претставува само мал дел од американскиот увоз, далеку зад Канада, Бразил или ЕУ.