Вучиќ во Москва на разговори со Путин, во фокусот ситуацијата во Косово

поред Вучиќ ова е еден од најзначајните состаноци во однос на сите што ги имал со Путин во изминатите години.

82

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе разговара во Москва со претседателот на Русија Владимир Путин, и според него тоа е еден од најзначајните состаноци во однос на сите што ги имал со него во изминатите години, јави Танјуг.

– Состојбата во нашиот регион е многу сложена, потребно е да се мери секој збор и политички потег. Во моменти кога економски напредуваме, имаме големи политички проблеми во регионот и за многу од нив не е сигурно каков исход може да имаат ако се случи какво било нарушување на стабилноста и мирот – нагласи синоќа Вучиќ во изјава за српски медиуми во Москва.

Тој најави дека со Путин ќе разговараат за билатералните односи, за ситуацијата во регионот и во светот за да добие совети и за тоа како Русија да и помогне на Србија во остварување на политичките и национални цели.

– Ќе разговараме и за многу конкретни проекти. Тие се значајни за подобар живот на нашите граѓани, животниот стандард на нашите луѓе – додаде Вучиќ.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...