Харадинај: Белград го интересира косовското рудно богатство, не Газивода и Стари Трг

Маката на Србија е еден планински венец со руди и минерали од Јериње во правец на Лешак и Лепосавиќ - изјави Харадинај.

162

Коcовскиот премиер Рамуш Харадинај во синоќешното интервју за приштинската телевизија Т7 повторно ги отфрли идеите на претседателот Хашим Тачи за „корекција на границата“ со Србија како решение за споровите меѓу двете земји и го повтори категоричниот став дека „границите на Косово нема да се сменат“, јави дописникот на МИА од Прштина.

– Јас верувам во Косово од 17 февруари (2008-ма, кога се прогласи независноста, н.з.), во нејзините граници. Не прифаќам никој да отвори расправа за било каков интегритет на границите. Никој нема да ја добие мојата поддршка за промена на границата – изјави Харадинај

Тој нагласи дека никогаш нема да седне на маса на која ќе се разговара за размена на територии.

Според косовскиот премиер, „нема воопшто логика да се зборува за границите од 17 февруари“, додека зад декларираниот српски интерес за вештачкото езеро Газивода и за населените места со мнозинско српско население во северено Косово, се кријат други интереси на Белград.

– Интересот на Србија не е (вештачкото езеро) Газивода ниту пак населбата Стари Трг. Маката на Србија е еден планински венец со руди и минерали од Јериње во правец на Лешак и Лепосавиќ – изјави Харадинај.

Според косовскиот премиер, целта на Белград е да ги присвои тие косовски територии богати со големи количини руди и минерали.

– Вода Србија има, тoа не и треба – рече Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...