Албанската опозиција ја разгледува можноста за целосен бојкот

775

Албанската опозиција ја разгледува можноста за тотален бојкот на Парламентот. Ова за тиранската телевизија „Ора њуз“ го потврди Клајда Ѓоша, пратеничка од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), која е дел од обединетата опозиција предводена од Демократската партија.

Според неа, имајќи ја предвид најновата политичка ситуација и последните настани, целосниот бојкот е алтернатива која се разгледува.

– Имајќи предвид како се движи политичката актуелност во земјата со последните настани ја разгледуваме можноста за целосен бојкот. Опозицијата има неколку опции доставени до мнозинството, како што е „ветингот“ во политиката, за што имаме доставено Предлог- закон кој чека одобрување или отфрлање од владејачкото мнозинство, прашање кое наиде на бројни дебати во последно време.

– Доколку мнозинството каже „не“, верувам дека тука би бил почеток на крајот на дијалогот помеѓу политичките партии и избор на друг пат освен институционалниот – изјави Ѓоша.

Таа смета дека е се уште рано да се зборува за тоа дека нема избори со премиер Рама.

– Верувам дека е малку рано да се зборува за избори. Сите можности се тука, опозицијата ги има сите алтернативи, ја има целата сила. Таа мора да се бори со својата програма за да ја подигне свеста кај албанските граѓани . Не е потребно да се чекаат изборите ако сакате да ставиме крај на ваквата власт, на едно лошо владеење што се случува во оваа земја. Сите други начини, протести и граѓански реакции се добредојдени и ние ќе бидеме со граѓаните секогаш кога ќе го побараат тоа од нас – посочи Ѓоша.

Деновиве и потпретседателот на Демократската партија Еди Палока изјави дека опозиција не се враќа во Парламентот и најави дека од условени односи ќе оди на целосен бојкот на Парламентот и институциите.

Според него, ова поради владините врски со криминалот и одбивањето да се прифати „ветингот“, односно проверка на потеклото на имотот и поврзаноста на политичарите со криминалот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...