Убиство на новинарот и неговата свршеница било нарачано за 70.000 евра

468
Jan Kucijak slovachki-novinar-

Вкупно 70.000 евра биле предвидени за нарачаното убиство на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак и неговата свршеница оваа година, информира денеска специјален обвинител, кој побарал да остене анонимен.

Според него, каква што е праксата и при други такви случаи за тешки кривични дела, од сумата биле исплатени 50.000 евра. Останатите 20.000 евра биле простен долг, објасни тој.

Јан Куцијак и Мартина Кушнирова беа убиени во нивниот дом на 21 февруари годинава. Словачките власти тогаш соопштија дека убиството било порачано и поврзано со работата на новинарот, кој ја истражувал корупцијата и врските меѓу локални политичари и италијански мафијаши.

Убиствата предизвикаа масовни протести во Словачка, разрешување на шефот на националната полиција и оставка на владата.

Словачките медиуми денеска објавија дека на седницата на Специјалниот кривичен суд вчера во Банска Бистрица било наредено четворицата осомничени соучесници во убиството да останат во притвор. Алена Жужова (44) е обвинета како нарачател, Томаш Сабо – како директен сторител, Мирослав Марцек – како возач и Золтан Андрушко – како асистент.

Според порталот „топку.ск“ на денешната прес-конференција, канцеларијата на словачкиот главен обвинител дала појаснувања за напредокот на случајот.

Главниот обвинител изрази огорченост поради обидите на политичарите да се мешаат во истрагата и истакна дека има целосна доверба во истражните органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...