Шестата сезона од мегапопуларната интернет игра „Фортнајт“ со голема брзина „ги навлекува“ кон себе децата од цел свет, што предивикува загриженост кај родителите и наставниците.
Новата игра предизвикува зависност, отсутност и расеаност кај учениците, а ги прави и понасилни. Шест училшта во Австралија, на пример, испратија писма до родителите, во кои се предупредува дека децата, посебно момчињата, се однесуваат поинаку по играњето.
И родителите се многу загрижени поради играта. – Децата стануваат зависни од играта и депресивни, кога не играат, прокоментира засегнат родител за австралиската ИТВ.
Се верува дека играта лошо влијае и врз возрасни лица. Од јануари годинава на овој континент се поднесени 200 барања за развод при што како главна причина се наведуваат Фортнајт и други интернет игри.