Пилот проектот насловен како „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“ кој почна минатата година во октомври во градинките „Орце Николов“ и „Корчагин“, реализиран од компанијата „Суниленс“, во соработка со „ОХО“, опфати 450 деца и наиде на позитивен прием од страна на воспитувачките, децата и родителите.
Со почетокот на новата учебна година истиот ќе се спроведе во сите детски градинки на територија на општините Центар, Карпош, Гази Баба и Аеродром или 11 централни градинки со вкупно 43 објекти.
Преку оваа еко-едукативна програма околу 4500 деца од 4-6 години ќе се запознаат со темата – отпадни масла за јадење, начинот на кој тие се селектираат, собираат и рециклираат и како овие практики ја заштитуваат животната средина.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.