Балетската претстава „Либертанго“ во МОБ

168

Балетската претстава „Либертанго“ ќе биде изведена во среда во 20 ч. на сцената на МОБ.

Претставата е приказна за настанувањето на тангото, танц кој настана на улиците на аргентинските градови и ги достигна врвовите на уметничкиот Олимп. Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена. Тангото е танц на љубовта, љубовната болка, љубомората, страста.

Танго танцот ќе биде во изведба на солистите и ансамблот на балетот на МОБ. Кореограф е Сабрина Боско (Италија), режисер и либретист е Наташа Поплавска, додека костимограф и сценограф е Александар Ношпал.

Главните улоги ги толкуваат: Асунта Манети Пјацола – Александра Мијалкова, Висента „Нанино“ Пјацола – Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Нивес Раго – Мими Поп Алексова Атанасовска, Хуан Карлос Копес – Игор Веланоски, Карменсита Калдерон – Наташа Јосифовска, Деде Вулф – Саша Ефтимова.

Во останатите улоги настапуваат солисти на балетот како и комплетниот балетски ансамбл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...