Матеа Дрецкин му вдахнува современ дух на Сули ан

438

Завршната презентација на проектот „Стар Современ Град/Old town contemporary“ ќе биде претставена во среда од 20 часот во Сули Ан во Скопје.

Проектот, чиј идејен и концептуален автор е младиот уметник Матеа Дрецкин, интензивно се подготвува последниве десетина дена, а се реализира со поддршка на Министерството за култура и Градот Скопје.

Авторот на проектот, заедно со визуелните артисти Ивана Мојсовска, Борис Ристевски и Сермедије Бериша, кои учествуваат со оригинални дела подготвени врз идејата на проектот, имаат за цел на публиката да ѝ овозможат уникатно визуелно искуство.

Концептот предвидува вдахнување современ дух во историската градба на Сули ан, едно од обележјата на градот во срцето на Старата чаршија. Поставката на просторни инсталации кои се дела на младите уметници создаваат силна, природна врска помеѓу уметникот, набљудувачот и просторот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...