Музикотерапијата е светски тренд што полека се пробива и во Македонија

Според светските истражувања, музикотерапијата служи и како поддршка и реедукација за лицата кои имаат проблеми со комуникација и релација со опкружувањето, придонесува во олеснување на состојбите од аутистичен спектар и го подобрува развојот кај децата.

131

Дваесет и деветгодишната Христина Станојковска Златковиќ е единствената дипломирана музикотерапевтка од Куманово. Таа пред три години дипломирала на Ателјето за музикотерапија од Бургоња во Дижон (Atelier de musicotherapie de Burgogne-Dijon), Франција.

По завршувањето на гимназијата во билингвалната паралелка на македонски и француски јазик и завршувањето на нижото музичко училиште, се одлучила да студира музикотерапија и го продолжила образованието на Конзерваториумот на Гран Безансон на виолина.

Паралелно студирала и две години на музикологија на Универзитетот „Франш Комте“ во Безансон, Франција. Љубовта кон музиката и кон психологијата биле главните фактори за да заврши музикотерапија.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...