Тајфун го погоди Токио, најмалку две жртви

Откажани се повеќе од 200 летови од аеродроми во северниот дел од државата.

68

Најмалку две лица загинаа во налет на тајфун што денеска го погоди Токио, јавија локални медиуми. Тајфунот „Трами“ ги погоди синоќа западните делови од Јапонија, а метеоролозите предупредуваат дека на островот Хокаидо му се закануваат поројни дождови проследени со силни ветрови и лизгање земјиште.

Тој остров минатиот месец беше погоден од силен земјотрес.

Најмалку 130 луѓе се повредени во налетот на тајфунот. Две лица се водат како исчезнати, а речиси 400 илјади домаќинства се без струја.

Откажани се повеќе од 200 летови од аеродроми во северниот дел од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...