Вулин: Борбената готовност останува до следна наредба на Вучиќ

138

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, денеска наведува дека претседателот Александар Вучиќ, со кој се состанал утринава, наредил да се зачува постигнатото ниво на борбена готовност и дека ќе се издаде посебна наредба за неговата евентуална промена.

– Рано утрото началникот на Генералштабот на Армијата на Србија, генерал-потполковник Милан Мојсиловиќ и јас имавме средба со претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата на Србија, Александар Вучиќ, при што рефериравме за степенот на постигнатата борбена готовоност и исполнување на наредбите што ни ги даде – наведува Вулин во соопштение.

Тој додава дека Вучиќ изразил задоволство од „енергијата, напорот, вештината и брзина на сите припадници на армијата на Србија“, но тој исто така изразил длабока загриженост за се што се случува во Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...