Брегзит ја чини Британија 500 милиони фунти неделно

434

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија ќе ја чини владата по 500 милиони фунти (650 милиони долари) неделно што во моментов ги брише средствата што може да се спасат од неплаќање на придонеси во Унијата, се наведува денеска во студија.

Центарот за европски реформи, истражувачка група фокусирана на ЕУ, соопшти дека британската економија сега регистрира намалување од 2,5 отколку ако Британците не одлучија да излезат од блокот во јуни 2016 година. Заклучоците на Центарот се засноваат на последиците за економијата до крајот на јуни 2018 година.

Државните финансии се оштетени со 26 милијарди фунти годишно, што е еднакво на 500 милиони фунти неделно.

Групата соопшти дека нејзината анализа е базирана на 22 развиени економии со карактеристики блиски до Велика Британија.

За првата половина од оваа година, британската економија објави најмал раст од втората половина на 2011 година, при што фирмите ги намалија инвестициите, што укажува на тоа дека тие се внимателни пред престојниот Брегзит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...