Градот Нарон во северозападниот дел на Шпанија си постави голем предизвик, а тоа е до 2020 година неговите жители мора да ослабат 100 тони.
Шунка и пржени лигњи се исфрлени од менито на стотици жители, кои започнале програма за слабеење во тој град.
– Луѓето во 21. век заборавиле дека се создадени за одење, изјави лекарот Карлос Пинеиро, кој ја започна програмата со поддршка од градскиот совет.
Нарон има 40.000 жители, од кои 12.000 се со прекумерна телесна тежина. Кон проектот за слабеење се придружиле 4.000 од нив, односно 10 отсто од населението.
Програмата за слабеење ја составиле локални лекари, а исхраната и физичката активност се прилагодени за поединци. Во центарот на градот се поставени ваги за контрола на килограмите.
ФОТО: Твитер