За осум месеци пораст од 7,2 отсто на бројот на работници во индустријата

Само во август е забележан пораст од 5,3 отсто.

165

Бројот на работниците во индустријата во август годинава во однос на август лани бележи раст од 5,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 5,7 отсто и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 1,7 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај „интермедијарните производи, освен енергија“ за 8,3 отсто, „капитални производи“ за 21,5 отсто, „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 отсто и кај „енергија“ за 0,4 отсто, додека опаѓање бележи кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 1,4 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, бележи раст од 7,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...