Тајфун во Јапонија, најмалку 50 повредени

Евакуација е наложена за десетици илјади луѓе како и за повеќе од 250.000 жители на градот Токушима на островот Шикоку.

95

Силен тајфун ја погоди денеска Јапонија, поради што се откажани авионски летови во областа на Токио, а на југ во државата се повредени најмалку 50 луѓе.

Властите предупредија на силни ветрови и поројни дождвови.

Куќи и фарми се поплавени во Мијазаки на островот Кјушју откако тајфунот Трами го погоди југозападниот дел од Јапонија.

Евакуација е наложена за десетици илјади луѓе како и за повеќе од 250.000 жители на градот Токушима на островот Шикоку.

Откажани се летови од главните аеродроми во државата меѓу кои и од Нарита и Нанеда во Токио. Се очекува Трами да го погоди и Токио, а в понеделни северниот дел од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...