Необичен случај од покраината Квебек во Канада, пренесува Би-Би-Си, во кој една Канаѓанка се жалела од газдите на станот каде живеела бидејќи ѝ рекле да побара помош од стручњак за нејзиното гласно хрчење.
Таа ја поднела тужбата во Одборот за изнајмување станови и барала како надоместок за малтретирањето да ѝ ја намалат киријата.
Судиите од одборот одлучиле во корист на сопствениците на станот и ја одбиле нејзината тужба со објаснување дека таа не постапила добо кога одбила да оди кај лекар поради гласното хрчење.