Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

638
ФОТО: EPA / EFEROBERT HEMENT

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.

Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија.

Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода. Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во непосредна близина на хидроелектраната.

Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо потоа за Танјуг изјави дека мисијата се уште нема информации за тоа дека припадници на РОСУ влегле во северниот дел на Косово, во близина на хидроелектраната Газивода.

Тој додаде дека е во тек проверка на информациите и оти се врши мониторинг на ситуацијата.

ФОТО: EPA / EFEROBERT HEMENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...