Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сакал да оди во Обединетите нации во Њујорк, затоа што таму би морал да разговара и со албански и со светски претставници, со кои, како што рече, не знае за што веќе да разговара, затоа што тој сака суштински напредок во однос на Косово, „а тие не сакаат“.
Тој истакна и дека е задоволен како премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја претставиле Србија и оти завршиле добра работа.
– Не можам веќе да одам, да повторувам едно и исто. Кажете ми, луѓе, дали сте подготвени за суштински напредок. Ако сте, ете ме, ќе долетам со што сакате, во Брисел, на Гренланд, каде и да ме повикате. Само немојте да доаѓам, да губам време и да ги слушам истите празни приказни кои ги слушам со години дека Србија треба да ја признае независноста на Косово – изјави Вучиќ во Ниш.
Тој уште еднаш порача дека нема да ја признае косовската независност, дека Србија сака компромис, а не решение кое ќе значи дека Албанците од Косово ќе добијат се, а Србите ништо.
– Тоа беше причинита зошто не отидов – истакна Вучиќ.