Деца играорци ќе свртат оро на плоштад „Македонија“

125

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер од 19.30 часот ќе биде одржан централниот настан на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Детскиот културен центар „Карпош“ ги поканува сите љубители на орото и песната да дојдат на централниот настан, каде покрај гостите од Србија, Бугарија и Словенија ќе учествуваат и македонските ансамбли „Орце Николов“, „Јени Јол“ и „Каршијака“.

Децата играорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на своите земји и ќе формираат уште едно големо „Оро без граници 2018“.

Фестивалот кој е симбол на пријателство меѓу децата трае од 27 до 30 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...