Девојка тужи авиокомпанија поради сексуален напад

198

Девојка тужи авиокомпанија поради сексуален напад Американката Дилејни Ла тврди дека на лет со авиокомпанијата Делта Ерлајнс седела до пијан патник кој ја допирал непристојно додека спиела, и откако се пожалила, и понудиле ваучер од 200 долари.
Девојката сега ја тужи авиокомпанијата за навредливата понуда, како и затоа што непрекинато му служеле алкохол на пијаниот патник, а кога се случил сексуалниот напад, таа не добила никаква заштита.

– Дури му испратив и „загрижен поглед“ на човекот од екипажот што му точеше алкохол на патникот, но тој не направи ништо за да му даде до знаење дека ми е непријатно – изјави таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...