Во РЕК Битола денеска во 15. 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија.
– Денеска, околу 15.20 часот дојде до „куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола. Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мрежата на електроенегетскиот систем, наведуваат во соопштението.
Од компанијата додаваат дека санацијата на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во функција уште во текот на вечерва.