Папата го разреши главниот свештеник на Чиле кој е обвинет за педофилија

106

Папата Франциск го разреши отец Фернанд Карадим, 88 годишен свештеник кој беше во центарот на големиот скандал за сексуално злоставување во Чиле, објавил денеска Ватикан.

Карадим е прогласен за виновен во истрагара на Ватикан во 2011 година поради злоставување на момче во подолг временски период.

Наредено му е повлечено да живее во молитва и каење, но не беше разрешен од свештеничката должност.

Седум чилеански бискупи дале оставки по истрагите за прикривање на злосторствата на Кардиналот.

Во соопштението на Ватикан на шпански јазик се наведува дека станува збор за „вонредна одлука на која се одлучил Папата поради доброто на Црквата“.

Кардиналите кои упорно негирале вина, избегнале судска правда поради застарување на делото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...