За да замине Рама од власта треба да одлучи народот а во тие напори ќе има поддршка и од Демократската партија.
Ова го изјави Љуљзим Баша, лидер на најголемата албанска опозициска, Демократска партија за тиранската телевизија „Њуз 24″, додавајќи дека употребата на демократски средства е единствениот начин да се собори владата.
Споменувајќи го случајот со славниот револуционер Ернесто Че Гевара,демократскиот лидер Баша рече дека неговата улога е политичка и не може да упати „повик за уривање на владата“ бидејќи тоа ќе се оцени како недемократско.
Тој смеата дека доколку граѓаните излезат на протести против премиерот Еди Рама,тогаш,според него,владата ќе падне за седум дена.
– Доколку излезам против владата, тоа се нарекува државен удар, но доколку излезе народот, тогаш е поинаку. Меѓународните претставници нема да ми се обратат мене дека „следам” антидемократски пат,туку ќе му речат на Рама оди си бидејќи тоа го бара народот – изјави Баша.
Тој посочи дека не е во никакви преговори, ниту ќе преговара со Рама. Според него „единствено преговарање со Рама е неговото заминувањеод власт“.