Германија ќе учествува заедно со Русија, Турција и Франција на меѓународна конференција во октомври за Сирија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
– Главна тема ќе биде критичната ситуација во последниот бунтовнички бастион, провинцијата Идлиб – нагласи Меркел на заедничка прес конференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Во разговорите ќе учествуваат рускиот претседател Владимр Путин и францускиот претседател Емануел Макрон. Русија и Турција неодамна склучија договор за бафер-зона во Идлиб.