Кремљ: Лондон нема цврсти докази за обвинувањата во случајот Скрипал

Песков изјави дека не сака да зборува подетално за обвинувањата од Велика Британија, бидејќи тие се изнесуваат без да се имаат доволно цврсти докази.

65

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека на Русија ќе и бидат потребни поцврсти докази од Велика Британија за да ги прифати британските тврдења за руска вмешаност во труењето на пребеганиот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Песков изјави дека не сака да зборува подетално за обвинувањата од Велика Британија, бидејќи тие се изнесуваат без да се имаат доволно цврсти докази.

Изјавата доаѓа откако британските власти соопштија дека еден од двајцата Руси што се осомничени за труењето на Скрипал е агент на руската безбедносна служба ГРУ.

Воедно, британските медиуми денеска објавија дека покрај двајцата агенти обвинети за труењето и трет руски агент бил испратен како претходница, да го следи Скрипал.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...