Актерката ги повикала обожавателите со неа да ги споделат своите искуства во борбата против ракот.
Популарната актерка Марша Крос (56) која се прослави со улогата на Бри во серијата „Очајни домаќинки“, а која ја знаеме од „Мерлоуз плејс“, ги информираше своите обожаватели дека го победила ракот и дека сега е здрава и среќна.
Марша им открила на обожавателите на Инстаграм дека е среќна и здрава, а никој пред оваа нејзина објава не ни знаел дека боледува од подмолната болест – анален карцином.
Таа открила и дека многу ја погодило кога ја изгубила косата во текот на хемотерапијата, а својата фотографија со мошне малку коса, ја објавила токму на Инстаграм.
Оваа објава била како од ведро небо, бидејќи апсолутно никој не ни знаел дека ѝ бил дијагностициран рак. Објаснувањето пристигнало веќе наредниот ден.
„Мили мои, жал ми е што не бев појасна и што погрешно ме сфативте. Закрепнувам од болеста. Сега сум добро.“
Актерката ги повикала обожавателите со неа да ги споделат своите искуства во борбата против ракот.
„Многу сум благодарна и среќна што сум жива, но сум тажна што косата ми опаѓа и сега е долга околу 2,5 см и изгледа лудо. Има ли некој друг кој се соочил со опаѓање на косата поради рак? Зборувај со мене. Те разбирам.“
Фото: Инстаграм