Евростат: Хрватска и Грција со најмал раст на БДП во ЕУ

Најголем раст во последниот квартл од 2017 година е регистриран во Естонија - 2,2 отсто, а потоа следат Словенија со два проценти и Литванија со 1,4 отсто.

74
EPA/YANNIS KOLESIDIS

Хрватска и Грција се земјите-членки на Европска унија кои забележаа најмал раст на бруто домашниот производ во последниот квартл од 2017 година, се наведува во извештајот на Евростат.

Хрватскиот БДП во четвртото тромесечје од минатата година забележа раст од 0,1 отсто во споредба со претходните три месеци, кога беше зголемен за 0,7 проценти.

Иста стапка на раст имала и Грција, додека италијанската и летонската економија пораснале за 0,3 отсто.

Најголем раст во последниот квартл од 2017 година е регистриран во Естонија – 2,2 отсто, а потоа следат Словенија со два проценти и Литванија со 1,4 отсто.

Според податоците на Евростат, на годишно ниво најголем раст во последниот квартл забележан е во Романија од седум отсто. Потоа следат Словенија со 6,2 проценти, Естонија со 5,3, Чешка со 5,2 и Унгарија со 4,9 отсто.

Најмал раст БДП на годишно ниво имале Данска и Велика Британија со 1,2 односно со 1,4 проценти.

Фото: EPA/YANNIS KOLESIDIS

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...