Италијански Дон Жуан: Спиел со 6.000 жени, почина додека имал секс

Италијанските медиуми коментираат дека човекот заминал на начин на кој сигурно сакал да замине.

950

Славниот италијански плејбој, Маурицио Занфанти, почина на 64 години, додека имал секс со 23-годишна туристка од источна Европа.

Занфанти, познат уште и како италијанскиот Донжуан и Ромео од Римини, спиел со повеќе од 6.000 жени, откако се прославил како промотер на ноќниот клуб „Блоу ап“, на свои 17 години. Негова задача била да ги заинтересира жените и да ги привлече да влезат во клубот. Подоцна открил дека само тоа лето успеал да спие со 200 девојки.
На 27 септември, додека водел љубов со 40 години помладата девојка, доживеал фатален срцев удар, објавија свестките медиуми.

Шокираната девојка повикала итна помош, но лекарите не можеле да го спасат Маурицио.

Италијанските медиуми коментираат дека човекот заминал на начин на кој сигурно сакал да замине.

Маурицио зимите ги поминувал во Скандинавија, работејќи во туристички агенции. Неговата популарност како љубовник станала толку голема што некои од девојките со кои спиел му направиле восочна статуа во еден шведски град.

Во 1986 година италијанските медиуми го нарекоа „најуспешен италијански љубовник“, а во своето последно интервју, што го дал за германски „Билд“, најавил дека се повлекува во пензија.

– Имам 59 години и станувам престар за ова – изјавил во таа прилика Маурицио.

Судејќи по тоа како починал, очигледно не го одржал ветувањето за пензионирање.

Фото: Видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...