„Зери“: Четвртина од министрите и повеќе косовски пратеници со обвиненија

Специјалното обвинителство на Косово подигна обвиненија против министри и пратеници од мнозинството и од опозицијата.

64

Косовското Јавно обвинителство има покренато обвиненија против неколку членови на владиниот Кабинет за „злоупотреба на службената должност“ и за „корупција“, а со проблеми со законот се соочуваат и повеќе пратеници во косовското Собрание, пишува денеска весникот „Зери“ по повод апсењето на двајца пратеници, обвинети за закани кон обвинители.

Претставници на граѓанскиот сектор за весникот велат дека владеењето „со чисти раце“ не може да се спроведе со министри или високи јавни функционери кои имаат проблеми со законот.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, министрите за инфраструктура Паљ Лекај, за иновации и претприемништво Бесим Беќај и за Безбедносните сили на Косово (ФСК) Рустем Бериша се некои од актуелните министри кои продолжуваат да ги водат владините ресори и покрај тоа што Обвинителството води истраги против нив.

Исто така, обвиненија од Специјалното обвинителство се подигнати и против пратениците Зенун Пајазити, Миљаим Зека и Шкумбин Демалиај, тројцата од партиите од владејачкото мнозинство, како и против повеќе пратеници на опозициоското Движење Самоопределување (ВВ), главно поради фрлање солзавец во Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...