По политичката кариера, Хилари Клинтон стана глумица

- Не се плашам од напорна работа, квалификувана сум и подготвена уште од утре... - вели Клинтон.

139

Несудената претседалка на САД, Хилари Клинтон се појави во епизоди од обновената ТВ комедија „Марфи Браун”, каде што се шегуваше за своите искуства со мејловите.

ТВ серијата „Марфи Браун”, која беше доста популарна 1990-те, почна повторно да се емитува по 20 години, на Си-би-ес каналот, а главната улога повторно ја глуми Кендис Берген.

– Не се плашам од напорна работа, квалификувана сум и подготвена уште од утре… Имам одредено исуство и со мејловите – вели Клинтон во разговорот за работа.

Клинтон ќе се појави и во „Госпоѓа секретaрка“, чија петта сезона ќе ја има својата прва епизода на 7 октомври. Во серијата претходно се појавија и Медлин Олбрајт и Колин Пауел.

ФОТО: видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...