Трамп не знаел за Идлиб, дознал од жена на политички собир

133

Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи синоќа дека никогаш не слушал за покраината Идлиб на која и се закануваат сириските и руски сили, се додека пред еден месец за тоа не му кажала жена на политички собир на негови приврзаници.

Според податоци на ОН, околу три милиони луѓе живеат во тоа подрачје меѓу кои и илјадници исламистички борци, и ОН со месеци предупредуваат на хуманитарна катастрофа ако почне офанзива на владините сили.

На прес конференција во Њујорк, Трамп се пофали дека тој ја присилил Русија, Иран и Сирија да се откажат од офанзива, со твит од 4 септември со кој предупредил на „човечка трагедија“.

– Сирија е во хаос и бев одговорен (спречам офанзива) и се надевам дека така и ќе остане – изјави Трамп.

– Кога пред неколку недели се огласив на социјални мрежи за Идлиб, порачав – Не правете го тоа – додаде тој.

Американскиот претседател потоа објасни дека за ситуацијата во Идлиб дознал од жена која била на собир на негови симпатизери.

– Бев на собир со многу луѓе и една жена стана и рече дека има покраина во Сирија во која живеат три милиони жители. Иранци, Руси и Сиријци ја опколуваат и ќе ја убијат мојата сестра и милиони луѓе само за да ликвидираат 250.000 или 300.000 терористи.

– И реков дека тоа нема да се случи, Никогаш не сум слушнал за Идлиб. Се вратив и го земав во раце бедниот Њујорк тајмс и го отворив…Немаше на насловна, но имаше сторија во весникот и реков – ау!, тоа е иста приказна што ми ја кажа онаа жена и не можев да верувам дека некој може тоа да го стори – рече Трамп.

– Тоа не значи дека не може да бидат селективни, но немојте да убивате милиони луѓе…и така јас тоа го спречив. Никој нема да ми заблагодари, но …многумина Сиријци ми се заблагодарија за тоа, тврди Трамп.

Тој додаде дека потоа напишал твит и наредил на Помпео и Болтон да не „дозволат тоа да се случи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...