Претседателот на Мексико бакна новинарка и заработи критики

Инцидентот се случил на 20 септември во мексиканската држава Долна Калифорнија, за време на неговата турнеја организирана пред инаугурацијата на 1 декември.

75

Новоизбраниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор (64) е мета на критики откако беше објавена видео-снимка на која се гледа како бакнува во образ новинарка која му поставила прашање.

Инцидентот се случил на 20 септември во мексиканската држава Долна Калифорнија, за време на неговата турнеја организирана пред инаугурацијата на 1 декември.

На видео-снимката се гледа како новинарката на весникот „Ел Мексикано“, Лорена Гарсија поставува прашање за парламентарните избори, што треба да се одржат следната година, а Обрадор се насмевнува, ја бакнува во образ и не одговара.

Гарсија изјави дека постапката на мексиканскиот претседател е „непристојна“.

Обрадор претходно беше критикуван дека на две новинарки им се обрати со „драга“ кога се обиделе да му постават прашање преку отворениот прозорец на неговиот автомобил.

Обрадор во јули е избран за нов претседател на Мексико, а на 1 декември ќе ја преземе должноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...