Нови сознанија за можен живот на Марс

Според научниците, литотрофните организми можат да опстојуваат и на длабочина од 1,5 километри под земјата.

83

Пред стотици милиони години на Марс постоела зона подобна за опстојување микроби, посочуваат новите сознанија на научната екипа под водство на Џеси Тарнас од Универзитетот „Браун“ во Провиденс во американската сојузна држава Роуд Ајленд.

Анализите се правени врз основа на податоците добиени од орбиталната сонда „Марс Одисеј“.

Според научниците, на Црвената Планета имало доволно количество водород, што би ја одржувала таа „примитивна фрома“ на живот, преку т.н. процес на „радиолиза на водата“.

Тие процеси би можеле да се појават и на поголема површина, а енергијата што притоа се ослободува може да ги одржи во живот примитивните микроорганизми. Слични процеси имало и на Земјата пред милиони години.

Според научниците, литотрофните организми можат да опстојуваат и на длабочина од 1,5 километри под земјата, се вели во трудот објавен во научното списание „Ерт енд Планетари Сајенс Летерс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...