Ќерката на Гвинет Полтроу е како копија на мајка си

214

За американскиот „Ден на ќерките“, глумицата Гвинет Полтроу на Твитер објави селфи со 14-годишната Епл Мартин, својата помала копија од себе.

Под објавата, многу од следачите го коментираа токму тоа – неверојатната сличност меѓу мајката и нејзината ќерка од бракот со британскиот пејач Крис Мартин, инаку фронтмен на „Колдплеј“. Двојката се разведе пред две години.

Покрај Епл, тие го имаат и 12-годишниот Моузес.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...