Конференција за дигитална трансформација

Конференцијата ќе обедини мултидисциплинарни презентации, панели и успешни приказни чија цел е изнаоѓање конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси во државава со оптимално следење на глобалните текови.

72

„Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“ е темата на годинашната 15. конференција што ја организира Стопанската комора за информатичка и комуникациска технологија (МАСИТ).

Конференцијата, традиционално, ги обединува сите ИКТ чинители од земјава и регионот. Овојпат предвидува присуство на околу 200 учесници, вклучувајќи претставници од домашните ИКТ компании и компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници на државни институции и министерства, на донаторската заедница, како и професори кои образуваат ИКТ кадар.

Конференцијата ќе обедини мултидисциплинарни презентации, панели и успешни приказни чија цел е изнаоѓање конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси во државава со оптимално следење на глобалните текови.

Според Програмата, ќе се дискутира за подобро позиционирање на македонскта ИКТ индустрија на светскиот пазар, како и за зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...