Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата насловена „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“.
Изложбата ќе започне со кусо обраќање на премиерот Зоран Заев, министерот за култура Асаф Адеми, амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромеро и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Свое обраќање ќе имаат и д-р. Рикардо Пасони, директор на „Галерија на модерна и современа уметност“ во Торино и кураторот на изложбата Бојана Јанева Шемова.
Изложбата „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“ се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во Музејот на современата уметност.