ОДВ Електрик очекува повеќе работа за да вработи 1.000 работници

Директорот на ОДВ Електрик е задоволен и од соработкта со домашните компании и од квалитетот на работната сила.

284

Се надеваме дека годинава и наредните години ќе добиеме повеќе проекти за да го зголемиме производството со што ќе го исполниме ветувањето за вработување на 1.000 работници во погоните во Македонија, изјави по потпишувањето на Меморандумот за соработка со дирекцијата за технолошко-индустриски зони, директорнот на ОДВ Електрик, Мартин Ехрет.

– Со работа во новиот погон почнавме лани и како нова компанија немавме многу проекти. Вработуваме 310 лица и сега инвестиравме 4,5 милиони евра – појасни Ехрет.

Тој, како што рече, е задоволен и од соработкта со домашните компании и од квалитетот на работната сила.

ОДВ Електрик денеска соопшти дека ќе гради уште еден објект во кој ќе инвестира 4,2 милиони евра. Планирано е со тоа да ги  раздвои производните процеси кои сега се реализираат во еден објект и дополнитлено ќе вработи 90 лица.

Компанијата, како што беше речено, планира и во иднина  да инверстира во Македонија.

– Доколку глобалната економија го одржи овој чекор ОДВ Електрик планира и натаму да инвестира во Македонија. На крајот на нашиот инвестициски циклус, ОДВ Електрик проценува дека ќе инвестира околу 15 милиони евра, а ќе вработува повеќе од 1.000 лица – рече Ехрет.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој присуствуваше на потпишувањето на меморандумот, рече дека е добро што новата инвестиција ќе вработи висококвалификувани лица.

– Потребни се инвестиции, но потребна е и промена во образовниот систем затоа што кадарот што во моментов е невработен не е соодветен за потребите на економијата. Затоа Владата ќе работи паралелно на неколку мерки за акутно да го реши проблемот – рече Анѓушев.

Негова оценка е дека досегашните владини политики даваат резултати за што показател се 17-те нови инвестиции, намалувањето на невработеноста, растат платите кои за првата половина од годинава се пораснати за 6,2 отсто во однос на лани, а зголемени се и странските инвестиции кои во првото полугодие се 327 милиони евра и се неколкукратно зголемени во однос на лани.

ОДВ Електрик веќе работи во ТИРЗ Охрид/Струга. Во првата фаза има инвестирано 4,5 милиони евра и вработено околу 310 лица.

Во фабриката во технолошкоиндустриската зона во Охрид/Струга произведува електрични инсталации за познати автомобилски брендови.

Компанијата е основана во 1970 година со вкупно 2.200 вработени. Покрај фабриката во Германија има и уште четири подружници во Унгарија, Украина, Македонија и во Мексико.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...