Сите полицајци во Акапулко разоружани поради сомнеж дека работеле за картелите

Како привремена мерка, во пристанишниот град познат по високата стапка на убиства ќе бидат распоредени војници и маринци.

143

Мексиканските власти ги разоружаа сите полицајци во градот Акапулко поради сомнеж дека во полицијата се инфилтрирале припадници на локалните наркокартели. Наредено е и апсење на двајца високи полициски команданти од Акапулко поради сомнеж дека учествувале во убиство.

– Постои сомнеж дека во полициските сили дејствуваат криминални групи и дека тоа доведе до целосна неактивност во борбата против криминалот – соопштија мексинските власти.

Како привремена мерка, во пристанишниот град познат по високата стапка на убиства ќе бидат распоредени војници и маринци, кои ќе се грижат за безбедноста. Досегашните полицајци, на кои им е одземено оружјето и опремата, ќе бидат сослушувани и ќе се испитуваат нивните евентуални криминални врски.

ФОТО: Твитер орг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...