Анѓушев: ЕЛЕМ го зголеми извозот на струја како резултат на слободниот пазар

Тој појасни дека зголемувањето на увозот на електрична енерегија од 14,6 отсто е резултат на тоа што компаниите купуваат струја на слободниот пазар.

345

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ги дава првите резултати преку зголемениот извоз на струја за 445 отсто, изајвие вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по денешната прес-конференција во Владата запрашан за податоците кои вчера ги објави државниот завод за статистика.

– Како оди либерализацијата на електрична енергијана нагоре, односно колку повеќе клиенти одат да купуваат струја надвор, така ЕЛЕМ ќе има се помала обврска да продава електрична енергија на домашниот пазар, односно да дава струја на ЕВН. Тоа е придобивката од овој процес. Податоците покажуваат дека извозот на електрична енергија е зголемен за 445 отсто, што значи ЕЛЕМ вишоците на електрична енергија ги извезува. Тоа и се исплатува на компанијата бидејќи цената на електричната енергија годинава на светските берзи порасна за 10 евра за мегават час. ЕЛЕМ енергијата ја продава на берзите, а останатите компании купуваат струја од слободниот пазар каде што цената им се намали за 40 отсто – рече  Анѓушев.

Тој појасни дека зголемувањето на увозот на електрична енерегија од 14,6 отсто е резултат на тоа што компаниите купуваат струја на слободниот пазар.

Според него, дополнитлено ќе се види и бенефитот од востановувањето универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата.

Државниот завод за статистика објави дека во јули 2018 година, вкупната потрошувачка  на електрична енергија изнесува 549 423 МWh електрична енергија.

Според податоците на ДЗС, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70,8 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...