Бектеши: На мојот 33-ти роденден добив најдобар подарок, нова инвестиција

Бектеши доби честитки од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и присутните новинари на прес-конференцијата. 

526

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција соопшти дека на својот 33- ти роденден добил најдобар подарок во инверстицијата на ОДВ Електрик.

– Подобар подарок за мене на мојот 33-ти роденден нема. Денеска потпишавме меморандум за нова инвестиција на ОДВ Електрик која ќе вработува 90 нови лица. Компанијата ќе инвестира 4,2 милиони евра – рече Бектеши.

Бектеши доби честитки од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и присутните новинари на прес-конференцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...