Меган Маркл во „Живанши“ тоалета од 2.510 фунти

„Живанши“ беше изборот на Маркл и за креацијата на венчалниот фустан.

152

На традиционалната средба со припадници на Маори заедницата во Велика Британија, што се одржа во Кралската академија на уметностите, војвотката од Сасекс, Меган Маркл се појави во „Живанши“ тоалета, која чини 2.510 фунти.

Ова беше нејзина прва самостојна официјална средба откако стана војвотка, па едвај можеше да се воздржи од смеење додека го изведуваше традиционалниот „хонги“ маорски поздрав, јави „Дејли Мејл“.

Меѓу гостите на војвотката беа и новозеландскиот висок комесар сер Џери Мејтпарае и неговата сопруга.

„Живанши“ беше изборот на Маркл и за креацијата на венчалниот фустан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...