Селмани инвестира во станбено деловен објект Гарден Ресиденс Ин ВИДЕО

Ова е наш мал придонес како инвеститори да ја донесеме Европа овде кај нас, од вас очекуваме да не понесете во Европската Унија, во големото семејство на вредности и ваквите проекти да гледаме во секој дел од нашата преубава Република Македонија, порача инвеститорот Селмани.

5786

Мене ми е многу драго што општественици луѓе, инвеститори го доловиле моментот дека претстои убава иднина на нашата Македонија, а тоа секако нашите граѓани ќе го верификуваат на претстојниот референдум, рече премиерот Зоран Заев на почнување со изградба на нов модерен станбено деловен објект Гарден Ресиденс Ин.

Станува збор за домашна инвестиција од 10 милиони евра, објект кој ќе се простира на површина од 22.000 м2 и кој ќе понуди нови современи услови за домување.

Зборувајќи за амбиентот за инвестирање којшто се создава по поканата за членство во НАТО и започнатиот процес за преговори со ЕУ премиерот Заев ја нагласи позицијата којашто Македонија ја добива како стабилна и пријатна дестинација за многу нови инвестиции и домашни и странски.

– Државата преку капиталните инвестиции ќе помогне во изградбата на улиците, топловодните мрежи, водоводните и канализационите мрежи и до оваа локација и за Скопје и за цела Македонија. Ние ќе продолжиме по тој пат да бидеме ваша поддршка. Почетокот на овој проект е доказ на добра соработка во полза на инвеститорите, помеѓу Владата, помеѓу општина Ѓорче Петров и градот Скопје. Ние сме тука да ви служиме и да бидеме ваш сервис бидејќи придобивките остануваат за граѓаните на Република Македонија – потенцираше премиерот Заев.

Инвеститорот и сопственик на БисОил, Имер Селмани во своето обраќање рече дека оваа капитална инвестиција преку квалитетна градба, ќе понуди еден нов концепт на урбано и модерно домување оплеменет со зелени површини што ќе претставува нов стил на живеење за нашите граѓани според нови модерни европски стандарди.

– Ова е наш мал придонес како инвеститори да ја донесеме Европа овде кај нас, од вас очекуваме да не понесете во Европската Унија, во големото семејство на вредности и ваквите проекти да гледаме во секој дел од нашата преубава Република Македонија – порача инвеститорот Селмани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...