Претседателот на САД Доналд Трамп изјави денеска дека нема планови да се сретне со претседателот на Иран Хасан Рохани.
Тој, меѓутоа, сигнализраше дека е отворен за евентуална средба во иднина.
– И покрај барањата, јас немам планови да се сретнам со иранскиот претседател Хасан Рохани. Можеби некогаш во иднина. Сигурен сум дека тој е апсолутно прекрасен човек – напиша Трамп на Твитер.
Претходно, високиот советник на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати го отфрли предлогот на САД за средба на двете раководства.
– Сонот на (американскиот претседател Доналд) Трамп и (државниот секретар Мајк) Помпео никогаш нема да се реализира – изјави Велајати.
САД ја отворија можноста за средба со иранските лидери на која би се дискутирало за конфликтот меѓу двете држави.
Односите меѓу Вашингтон и Техеран се особено затегнати по нападот за време парада на иранскиот Корпус на револуционернате гарда во саботата, за што Иран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Бликсиот Исток.